Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Совети за капење
Совети за капење:
- Миење на кожата со сапун и млака вода 37°C.
- НЕ ПОДОЛГО ОД 5 МИНУТИ!
- Да се избегнува капење во пенлива вода – иритација.
- Нежно впивање на водата од кожата особено во прегибите, да се избегнува триење на истата.
- Веднаш по секое миење со вода на добро исушена кожа, нанесете заштитна крема специјално наменета за нега на бебешка кожа.
- Пелените треба да се менуваат често. Регијата на пелените е особено чувствителна бидејќи е затворена регија и е погодна за развој на бактерии. Со често влажнење може да се оштети и да се олесни навлегувањето на иританси. Урината и фецесот кои се силни алкални агенси го олеснуваат оштетувањето на кожата.
- Користете благи сапуни и купки специјално наменети за бебешка кожа.
На бебешката кожа, особено пријатно делува масажата, која може да ја практикуваат мајките. Допирот му дава чувство на сигурност, комфорност и љубов на бебето и претставува неопходен фактор за развој на бебето. Покорисно е масажа со масло. Маслото треба да е меко, оптимално вискозно и да не предизвика триење, да не предизвикува затворање на кожните пори и да овозможува кожата да дише. Масажа се препорачува после 10-от ден. Со масажата се стимулира циркулацијата, преку стимулација на лимфниот проток се јакне имуниот систем, кај бебето се намалува дискомфорот при инфантилни колики, гасови во стомачето, опстипација. Сонот на бебето се подобрува, а се подобрува и координацијата кај бебињата.