Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Летна торба
Becutan колекција за заштита од сонце, обезбедува сигурна заштита од УВА и УВБ зраците, а истовремено ја негуваат кожата.
Препорака за употреба на производите
ПРЕД СПИЕЊЕ
На крајот од денот, по целодневното изложување на сонце, вода, песок, ветер, камчиња... кожата на вашето малечко бара посебна и поинтезивна нега од вообичаено.
Becutan маслена купка со оmega 3 и 6 масни киселини нежно ќе ја исчисти, хидратизира и омекне детската кожа. Природните растителни масла (масло од соја, сончогледово масло, масло од семки од грозје и маслиново масло) ќе се апсорбираат во кожата и ќе придонесат таа да остане нежна, мека и еластична, без знаци на сувост.
Becutan After Sun Milk, благодарение на состојките: маслиново масло, масло од невен, камилица и Д- пантенол, Becutan млекото по сончање е идеално за враќање на влажноста на кожата по нејзиното изложување на сонце.
ЗА СЕКОЈ СЛУЧАЈ
Доколку некој дел од кожата на вашето малечко остане незаштитен, односно ненамачкан со средство за сончање, можно е да дојде до појава на изгореници (колку и да внимаваме, признаваме дека тоа може да му се случи на секој родител, факторот вода и песок во близана, сигурни сме, ги забрзуваат и онака турбо погоните на вашиот мал авантурист ).
Becutan маста со рибино масло, покрај намената за секојдневна нега и заштита на кожа кај новороденчиња, се препорачува и за третман и смирување на кожата при евентуална појава на изгореници, кај сите членови од семејството, како и смирување на црвенило прдизвикано од триење и потење.
ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ
Becutan влажни марамчиња, нежно ја чистат и негуваат кожата во секој момент.