Доживувањата на храбриот витез

Запознајте го храбриот витез следете ги неговите авантури и доживувања за време на патувањето во Сахара за да го најде неговиот другар - повреденото лавче:

Гласникот дојде во Becutan кралството и му кажа на храбриот витез дека неговото другарче, лавчето кое живее во Сахара е повредено. Витезот недвоумејќи се тргна на својот долг пат за Сахара. Ја опреми својата торба со храна и пијалоци, а од благодетите на Becutan кралство си зема волшебна Becutan торба со паста за заби, пена за миење рачиња и лице, шампонче и пенлива купка и целата колекција за заштита од сонце, зашто на секој храбар витез му е неопходна заштита! Витезот заедно со својот змеј тргна во поход.

Витезот патуваше седум дена и седум ноќи и застана да се одмори крај едно мирно поточе. Долгиот пат сосема го измори и иако беше многу храбар и упорен реши да се одмори под отворено небо, каде вечераше за да биде уште посилен! Ја отвори својата волшебна торба во која имаше бесконечно многу Becutan кремчиња, шампончиња, сапунчиња и сè останато. Омилени му беа шампонот и пенливата купка и веднаш започна да се мие со нив, затоа што иако беше витез, тој сепак беше дете и требаше да порасне! Глувата тишина на ноќта ја прекина еден силен тресок и витезот панично се разбуди.

Витезот се разбуди и здогледа една голема мечка!  Зад неа ситно чекореа неколку малечки мечиња. Витезот бестрашно се исправи и ја погледна големата мечка, посочувајќи ѝ дека е мирољубив и може да ѝ помогне! Мечката пријателски се наведна и му кажа на храбриот витез дека нејзините малечки сакаат да се дечиња, а не мечиња! Затоа, ѝ требало сè она што им треба на малите дечиња, почнувајќи од пелени! Витезот ѝ раскажа за својот поход кон Сахара, за својот најдругар-лавчето кое стои на пелените и ѝ подаде големо пакување Becutan пелени за нејзините малечки. Мечиња во пелени? Звучи смешно, а изгледа сосем забавно!  Витезот и мечката продолжија да разговараат до првата мугра кога таа му покажаа пократок пат за да стигне во Сахара! Дали мечката му го покажа вистинскиот пат на витезот? 

Витезот одлучно се упати по патот за кој мечката му кажуваше дека е вистинскиот и се најде на крстосница каде не можеше да се сети кое патче води до Сахара.  Да оди лево или десно? Витезот беше многу неодлучен. Добро размисли и реши да зачекори по левото патче. Сонцето му биеше во плешките, но тој беше добро заштитен бидејќи со себе ја понесе целата Becutan колекција за заштита од сонце. По долго патување заедно со своето змејче, во далечината забележа блескаво синило.  Тоа беше реката Нил! Малото змејче неизмерно се израдува затоа што таму ги најде своите пријатели – крокодилите! Среќата можеше да се види на неговите мали крилја кои од возбуда трепереа горе-долу. Сите заедно седнаа покрај реката каде малиот витез им ја покажа магијата во форма на меурчиња на неговата омилена Becutan купка. Крокодилите со неверување гледаа во меурчињата и виножитото кое под сонцето се создаваше во нив.  Откако добро се одморија, крокодилите им објаснија на храбриот витез и неговиот другар – змеј дека го одбрале погрешниот пат, но дека можат да ја продолжат својата авантура по реката Нил. Витезот го зеде својот меч и штит во раката и одлучно реши дека ќе патува по реката, ако тоа е патот кој ќе ги одведе до повреденото лавче. И тогаш кога витезот мислеше дека брзо ќе стигне до посакуваната дестинација, се случи неочекуваното – на самата обала го сретна големиот и прочуен носорог Нилко! Тој беше самопрогласен крал на реката Нил и одлучуваше кој може да ја помине, а кој не.

На витезот му постави 3 тешки загатки кои мораше да ги одговори за да ја помине реката:

  • Што е тоа полно со дупки, а сепак собира вода?
  • Која зграда крие најмногу приказни?
  • Какви камења никогаш нема да пронајдеш во Нил?

Помогнете му на храбриот витез да ги реши загатките за да ја продолжи својата авантура!

Витезот стоеше скаменет пред големиот носорог Нилко додека ладна пот се слеваше по неговото чело. Размислуваше неколку минути кои нему му се чинеа како цела вечност, а потоа одлучно истапи со едната нога и му одговори на Нилко: сунѓер, библиотека, суви камења! Во очите на Нилко можеше да се види благо разочарување - како овој мал витез можеше да ги реши овие загатки?! Немаше друг избор, освен да го пушти витезот и неговото другарче - змејче да продолжат со својата авантура по реката. Единствениот проблем беше што тие немаа чамец за да ја поминат реката. И тогаш кога витезот помисли дека ова е препрека која нема да може да ја помине, во воздухот почна да се слуша шушкање на ливчиња, помрднување на дрвца и меко крцкање по земјата. Витезот ги рашири очите, го насочи погледот кон грмушките што се мрдаа и ги здогледа многуте дабари кои со нив влечеа гранки од дрва. Додека витезот збунето стоеше, целосно занемен од глетката, дабарите веќе беа направиле цело купче дрва! И тогаш се сети - ќе изгради мал дрвен сплав со кој ќе го продолжи своето патување. Но, тој никогаш немаше направено ништо слично, а ни змејчето не беше од голема помош. Можете ли вие да му помогнете и објасните на храбриот витез како да изгради мал сплав со кој ќе плови и исплови по Нил

Храбриот витез размислуваше неколку минути кога од ненадеж доби една брилијантна идеја. „Ќе изградам мал сплав со кој ќе испловам по Нил„" - рече одлучно. Ги замоли малите дабарчиња да му позајмат неколку од дрвата за неговиот сплав, а тој за возврат им ја отвори својата волшебна Becutan торба и им понуди од пастите за заби, бидејќи секој дабар мора да има здрави заби за да може неуморно да сецка дрва. Дабаритe беа пресреќни и со огромна возбуда му понудија да му помогнат на храбриот и умен витез. Почнаа неуморно да ги редат дрвата едно до друго. Наредија цел ред дебели дрвца, но не знаеја како да ги спојат едно до друго. Но, нашиот витез не ќе беше толку прочуен ако не беше толку умен, па му текна - ќе ги заврзат дрвата со трските од реката Нил и сплавот ќе биде сигурен! Вредните рачиња помогнаа да се изгради конструкцијата на сплавот. „Сега ни треба и платно, кое со помош на ветерот побрзо ќе го движи сплавот" - рече витезот. За среќа и на овој проблем тој брзо најде решение. „Платно ќе ни бидат лисјата од палмите!" - се досети тој. Малите дабарчиња и змејчето се фатија за работа. Скинаа неколку големи листови ги поврзаа со трска и нив и сплавот беше готов. Насмевките на нивните лица значеа дека завршиле добра работа и дека сега малиот храбар витез и неговиот пријател змејко ќе можат да продолжат по својот пат .Задоволни бидејќи успешно ги надминаа сите препреки до сега, храбриот витез и Змејко храбро запловија по реката Нил.Ветрето ја брануваше реката Нил, птиците ги поздравуваа змејко и храбриот витез, а сонцето полека заоѓаше во хоризонтот. Во тој момент храбриот витез се сети дека сонцето ќе зајде, ќе се смрачи а тие немаат светилка за да продолжат по точниот пат кој носорогот Нилко им го посочи. Нашиот храбар витез повторно се двоумеше - дали да застанат до најблискиот брег да се одморат и да чекаат да се раздени или да пронајдат начин кој ќе им го осветли патотШто одлучиле храбриот витез и Змејко, што се случило следно на нивното патување до Сахара? 

Пловејќи по реката над која мракот сосема се спушти, храбриот витез и Змејко се двоумеа – дали да застанат и да ги причекаат првите сончеви зраци или да продолжат по нивниот пат? Тогаш, од грмушките покрај тревата се слушна придушен плач. Витезот не можеше да си помогне, а да не го следи звукот. Конечно стигна до брегот, а таму, долу во грмушките беа скриени многу светулки. Витезот со загриженост во гласот ги запраша: - Зошто плачете вие мали, прекрасни светулки? Светулките затреперија и во еден глас одговорија: - Ние цел ден си игравме во калливите вирчиња и сега целите сме валкани, а не можеме да летаме во темнина без нашето светло!  Витезот веднаш ја извади магичната Becutan пенлива купка, им ја подаде и тие ги измија своите тела кои веднаш блеснаа во златно-жолта боја. Откако нашиот витез им раскажа дека мора да ја преплови реката за да стигне до повреденото лавче, тие го заиграа својот прекрасен танц околу сплавот и му кажаа дека тие ќе го осветлуваат неговиот пат и ќе му помогнат, како што тој им помогна нив.  Со првата мугра се појави и нова надеж за витезот – во хоризонтот можеше да ja здогледа пустината и неговиот пријател –лавот! Го заврза сплавот за обалата и почна да трча колку што го држеа нозете. Најпосле витезот, Змејко и малото лавче беа заедно!  Сега остануваше уште да се вратат во големото Becutan кралство, но ногата на лавчето сè уште не беше оздравена! Витезот седна на еден камен и почна да размислува како да го скратат патот до дома, како да го поштедат малото лавче од долгиот и макотрпен пат. Тогаш му текна – ќе ги повика штрковите кои со есента се селеа на југ, да ги пречекаат во нивниот лет и на нивните крилја да одлетаат назад дома. Сите птици кои ги надлетуваа тие предели веќе знаеја за ова патување на малиот витез, па така и штрковите! Три големи штркови се спуштија до реката Нил и ги поклонија своите клунови пред храброста на малиот витез. Витезот, змејко и повреденото лавче се качија на нивните крилjа и тргнаа кон она добропознато место – дома! Целодневното ветровито патување најпосле ги донесе во кралството и на самите порти ги пречека пријателското лице на малата принцеза! Сите ги подадоа рацете и се гушнаа, имаа толку многу да си раскажат еден на друг! Зачекорија кон портите на кралството и ветија дека секогаш ќе бидат заедно, тука еден за друг, ќе си помагаат и ќе бидат подготвени за нови, повозбудиви авантури!

 

Приказните можете да ги прочитате и на социјалните профили Becutan на Facebook и Instagram !