Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Заштита од сонце
Се грижиме за нежната кожа на најмалите низ сите нивни игри под сонцето. Оваа колекција е задолжителен дел од сечие детско ранче или од чантата на родителите. Заштитата на кожата од сонцето кај децата е од исклучителна важност, не само заради заштита од несаканите изгореници и обојувања од различен интензитет, туку и заради нејзино здраво развивање во подоцнежната возраст. Прекумерното изложување на сонце може да предизвика акумулирање на токсичните слободни радикали, што трајно го ослабува нејзиниот одбранбен механизам. Кожата која претрпела оштетувања предизикани од сонцето, особено пред 10-годишна возраст, засекогаш ќе остане ранлива и подложна на заболувања. Колекцијата Becutan за заштита на кожата при сончање и по сончање првенствено е наменета и приспособена кон потребите на нежната бебешка и детска кожа. Содржи УВА- и УВБ-филтри, кои обезбедуваат сигурна заштита од ултравиолетовите зраци, како и комбинација од активни материи од природно потекло (маслиново масло, камилица, витамин Е, Де-пантенол), кои ја негуваат кожата.
Крем за сончање со СПФ50
Содржи УВА + УВБ минерални филтри кои на површината на кожата прават тенок заштитен слој кој физички ги рефлектира и одбива УВ зраците и не дозволуваат нивна апсорпција во кожата.
Mасло за заштита од сонце СПФ30
Овозможува висока заштита на нежната детска кожа од штетното УВ зрачење, при секојдневното изложување на сонце особено во летниот период.
Mлеко за после сончање
Идеално за враќање на влажноста на кожата по нејзиното изложување на сонце.
Mлеко за сончање СПФ30
Содржи УВА + УВБ минерални филтри кои на површината на кожата прават тенок заштитен слој кој физички ги рефлектира и одбива УВ зраците и не дозволуваат нивна апсорпција во кожата.
Mлеко за сончање во спреј СПФ20
Исклучително блага формулација и е наменет за заштита на кожата од штетното дејство на УВА и УВБ - зраците, кај најмладата популација.