Becutan детски сапун со камилица

Becutan детскиот сапун со екстракт од камилица и со Д-пантенол нежно ја чисти и истовремено ја негува детската кожа. Збогатен е со природни состојки кои имаат хидратирачки својства. Екстрактот од камилица ја превенира појавата на црвенило, а Д- пантенолот ја регулира влажноста на кожата и ги подобрува нејзиниот изглед и функција.

Зошто е важна хидратацијата на детската кожа?

Заштитата на организмот од негативните влијанија на околината е една од најважните функции на кожата. Основен предуслов за нормално извршување на оваа функција е кожата да биде мека и еластична, што подразбира добра способност на површинскиот слој на кожата да ја врзува водата. Токму поради ова состојките како Д-пантенол, кои ја регулираат влажноста на кожата, влијаат на подобрување на нејзината заштитна функција. Becutan детскиот сапун не содржи конзерванси, а по миењето кожата останува нежна и мека.

  • клинички тестиран;
  • со екстракт од камилица и Д-пантенол;
  • не содржи конзерванси.

ДОСТАПНОСТ

90 гр
Becutan детски сапун со камилица