Becutan масло со лаванда

Следејќи го трендот на примена на состојки чиешто потекло е од природата, како и традицијата базирана на фармацевтското знаење и искуство, развиена е нова формулација во портфолиото на Becutan- Becutan масло со лаванда, наменето за нега и за заштита на бебешката и детска кожа.

Формулацијата е збогатена со природно масло од лаванда со потекло од хрватскиот остров Хвар, кој традиционално е познат по одгледувањето и производството на едно од најквалитетните масла од лаванда, докажано по своето благотворно дејство, како и единствениот мирис. Becutan маслото од лаванда не содржи парфеми, единствениот мирис на производот е резултат на комбинацијата на ароматични компоненти, кои го даваат препознатливиот мирис на лавандата.

Becutan маслото со лаванда е идеално за нега и заштита на бебешката кожа, но и за секојдневна масажа, која е од големо значење за севкупниот развој на бебето.

Допирот е единственото сетило потполно развиено уште од самото раѓање, а редовната масажа кај бебињата покрај тоа што ги опушта, истовремено го поттикнува дигестивниот систем, влијае на развојот на ориентацијата и моториката, а придонесува и за зголемувањето на имунитетот, бидејќи родителската близина и допирите полни со топлина и нежност се незаменливи во ритуалот на секојдневна нега и здравиот развој на детето.

Рекласирачката масажа и мирисот на лаванда со своето благопријатно и смирувачко дејство ќе придонесат за мирен сон по вечерното капење, а после масажата, кожата на бебето останува мека, нежна и со пријатен мирис, кој го задржува смирувачкото дејство, продолжително, во текот на спиењето.

  • не содржи алкохол;
  • не содржи бои;
  • не содржи парабени;
  • не содржи мириси;
  • има приспособена pH вредност;
  • со природен мирис од лаванда;
  • со смирувачко дејство за мирен сон;
  • погоден за секојдневна масажа која е важна за севкупниот развој на бебето.

ДОСТАПНОСТ

200 мл
Becutan масло со лаванда