Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Becutan шампон со екстракт од овес и Д-пантенол
Следејќи го трендот на примена на состојки чие што потекло е од природата и традицијата на нега на која ѝ верувате, развиени се две нови формулации во колекцијата Becutan - пенливо средство за капење и шампон, производи со особено благо дејство и состав збогатен со екосертифициран екстракт од овес, добиен од семето на овесот, кој традиционално се препознава како состојка со исклучително дејство да ја смирува кожата.
Благата формулација на новиот Becutan шампон со екстракт од овес и Д-пантенол, претставува вистински одговор на долго поставуваното прашање околку секојдневната употреба на детски козметички препарати. Комбинацијата од внимателно избрани активни компоненти, темелно ја чисти косата и скалпот, додека истовремено ја негува и заштитува кожата на главата. Покрај екстрактот од овес, новиот шампон содржи и Д-пантенол, состојка со изразено хидратизирачко дејство и својството за регулација на влажноста на косата и кожата. Борбата со сувоста и оштетувањето на скалпот, како честа појава особено кај бебињата, поддржана од трендовите кои Becutan со децении ги применува, сега добива додадена вредност.
Покрај тоа, Becutan шампонот со екстракт од овес и Д-пантенол ќе стави крај и на маратонските брканици за расчешлување на косата, давајќи ú дополнителна мекост и природен сјај. Не содржи парабени.
Зошто екстракт од овес?
Екстрактот од овес претставува богат извор на природни компоненти кои се вбројуваат во групи на соединенија карактеристични по тоа што го елиминираат дејството на слободните радикали, како и по своето изразено анти-иритирачко дејство, со што придонесуваат за заштита на кожата од појава на иритации.
- не содржи сапун;
- не содржи алкохол;
- не содржи парабени;
- дерматолошки тестиран;
- со екстракт од овес и Д-пантенол;
- има приспособена pH вредност.
ДОСТАПНОСТ
200 мл