Препораки за заштита од сонце

Основни препораки за заштита од сонце

  • Ограничете го престојот на сонце во пладневните часови.
  • Побарајте сенка.
  • Носете лесна, бела памучна облека.
  • Носете шешир да го заштитите лицето, очите и вратот.
  • Носете очила за сонце.
  • Користете заштитна крема со минимум СПФ 15 и со заштита од УВА и УВБ зраци.
  • Колку е повисок факторот, толку подолготрајна и поголема е заштитата, но НИКОГАШ НЕ КОРИСТЕТЕ ЗАШТИТНА КРЕМА ЗА ДА ГО ПРОДОЛЖИТЕ ПРЕСТОЈОТ НА СОНЦЕ!!
  • Нанесете заштитна крема барем 20 минути пред изложување на сонце.
  • Повторете го мачкањето после 2 часа.
  • Имајте на ум дека креми отпорни на вода се тие чиишто заштитен фактор е отпорен, барем 40 минути при изложеност на вода.