Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Политика на приватност
Контролор:
АЛКАЛОИД АД Скопје
бул. "Александар Македонски" бр. 12
1000 Скопје
Република Северна Македонија
(во натамошниот текст "АЛКАЛОИД")
АЛКАЛОИД АД Скопје ѝ посветува значително внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси, преку примена на стандардите утврдени со законските и со подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со интерните акти на компанијата.
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб-страница (во натамошниот текст „страница“) и/или кога ја користите на друг начин, односно кога се регистрирате на неа.
Оваа политика на приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник бр. 42 од 16.2.2020 година.
Ние ја почитуваме вашата приватност и собираме, обработуваме и чуваме лични податоци законито, транспарентно и правично, во согласност со законските прописи и со правните основи утврдени во нив. Личните податоци ги обработуваме со цел ефикасно обезбедување на бараната услуга, исполнување на законските обврски, пријавување на несаканите ефекти, испраќање известувања и најефикасен одговор на вашето барање. Притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат.
-
за да ви ја обезбедиме бараната услуга, односно да ви обезбедиме информации за нашите производи и услуги;
-
за други цели за кои сте побарале, сте поставиле прашање или сте се согласиле, освен ако со закон не е предвидено поинаку
-
доколку контактирате или се поврзете со нас преку социјалните мрежи;
-
заради исполнување на законските обврски што АЛКАЛОИД е должен да ги почитува и
-
за анализирање на посетите на нашата страница, идентификување на интересите на корисниците и за одржување на информациската сигурност на нашата страница. Повеќе за употребата на колачињата прочитајте ја нашата политика за користење колачиња.
Во зависност од тоа како ќе изберете да комуницирате со нас, ние собираме разни видови податоци за вас. Понекогаш ни ги давате директно (на пр. кога креирате ваш профил, кога ќе ни поставите прашање и сл), понекогаш ги собираме ние (на пр. користиме колачиња за да разбереме како ги користите нашите страници/апликации), а понекогаш добиваме податоци од веб-страници/апликации на трети страни (социјални мрежи).
Ние собираме ваши лични податоци доколку се зачлените со нашата форма за добивање на Newsletter преку платформата MailChimp со цел да може да ги добивате сите информации, совети, промоции и награди поврзани со брендот Бекутан.
Собираме податоци преку социјалните мрежи и платформи, преку содржината што самите ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку самите ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или платформите на трети страни како што се Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Линкдин, Youtube и сл. Содржината може да вклучува фотографии, видеа, лични приказни или други слични содржини поврзани со АЛКАЛОИД и со производи на АЛКАЛОИД, како и споделени вакви податоци со цел учество во организирани натпревари и во промотивни активности. За повеќе информации во врска со натпреварите и со другите промотивни активности видете ги официјалните правила за натпреварите и/или деталите објавени за секој натпревар/промотивна активност одделно. Запомнете дека сета содржина што ја објавувате на социјалните мрежи и платформи е достапна за јавноста, па затоа бидете внимателни кога споделувате одредени лични податоци. Исто така, може да собереме каков било личен податок што го споделувате јавно и што е дел од вашиот профил и кои било дополнителни информации или активности што ги објавувате на социјалните мрежи и платформи. Наедно, собираме податоци за вас секогаш кога комуницирате со нас преку социјалните мрежи и платформи, но и секогаш кога ја користите функцијата за социјално вмрежување, интегрирана на страниците на АЛКАЛОИД. Собираме и ваши лични податоци (име и презиме, електронска адреса) преку зачленување на нашата форма за добивање на Newsletter преку платформата MailChimp за да ги добивате сите информации, совети, промоции и награди поврзани со брендот Бекутан. Обработката на вашите лични податоци е доброволна и во секое време може да ја повлечете својата согласност за овие цели, со тоа што за подетални информации видете во секцијата „ Кои се вашите права “. За да дознаете повеќе како ги добива АЛКАЛОИД вашите податоци од социјалните мрежи на трети страни или да изберете да не споделувате информации од социјалните мрежи, прочитајте ја политиката за приватност на соодветната социјална мрежа и платформа.
Може да ја користите нашата страница без да ги откриете своите лични податоци. Немате обврска да ги откривате своите лични податоци како услов за користење на нашата страница, освен ако доброволно не доставите податоци или ако користите еден од достапните обрасци за одредена цел.
Бидејќи целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци, ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на потребите за целите за кои се обработуваат.
Секогаш кога ќе ја посетите нашата страница, нашиот веб-сервер привремено ги регистрира вашата IP-адреса, типот на прелистувач, времето на посета и линкот до посетената страница.
Видовите лични податоци што ги собираме зависат од категориите на испитаниците и од активностите на обработка.
- Директен маркетинг: Собираме Ваши лични и контакт податоци (име и презиме, електронска адреса, телефонски број и контакт адреса) со цел доставување информации, совети и промоции поврзани со брендот Becutan, преку email и текст пораки, телефон или преку пошта. Наедно, ги собираме Вашите лични податоци и други информации што се потребни заради учество на наградни натпреварувања и за други промотивни активности. Во овој случај, собраните податоци се користат исклучиво заради спроведување наградни натпреварувања и заради други промотивни активности и нема да се користат за ниедна друга цел, освен доколку не сте дале согласност за нивна обработка за други цели
- Социјални мрежи и платформи: може да собереме податоци преку содржината што сами ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку сами ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или на платформите на трети страни, како што се: Фејсбук, Инстаграм, Твитер, Линкдин, Youtube и сл. Содржината може да вклучува фотографии, видеа, лични приказни или други слични содржини поврзани со АЛКАЛОИД или со производи на АЛКАЛОИД, како и споделени вакви податоци со цел учество во организирани натпревари и промоции. Може да собереме каква било информација која вие ја споделувате јавно и која е дел од вашиот профил (на пр. име, адреса на електронска пошта, пол, роденден, град во кој живеете, слика и сл.) и кои било дополнителни информации или активности кои ги објавувате на социјалните мрежи и платформи, а со цел да обезбедиме информации за користењето на нашите производи и услуги, да ни помогне подобро да ги разбереме вашите потреби и очекувања, а со тоа да ги подобриме нашите услуги и производи, како и да креираме соодветна промотивна содржина. Наедно, ги собираме вашите лични податоци и други информации што се потребни заради учество на наградни натпреварувања и за други промотивни активности. Во овој случај, собраните податоци се користат исклучиво заради спроведување наградни натпреварувања и заради други промотивни активности и нема да се користат за ниедна друга цел.
- Наедно, ги собираме вашите лични податоци и други информации што се потребни заради учество на наградни натпреварувања и за други промотивни активности. Во овој случај, собраните податоци се користат исклучиво заради спроведување наградни натпреварувања и заради други промотивни активности и нема да се користат за ниедна друга цел.
АЛКАЛОИД ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највисоко ниво на тајност и на заштита на обработката на вашите лични податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на нив. Пристапот до вашите лични податоци е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци заради остварување на целта за која се дадени.
Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата страница со трети лица, освен во случај на ангажирање даватели на услуги, доколку АЛКАЛОИД ги ангажира како обработувачи, со што ќе бидат обврзани да постапуваат според упатствата на АЛКАЛОИД и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедување на тие услуги, во согласност со апликативните законски прописи за заштита на личните податоци.
Ниту ние ниту нашите партнери нема да ги пренесеме вашите лични податоци на трети страни во каква било форма, освен ако не добиеме ваша согласност или ако сме законски обврзани да го сториме тоа. АЛКАЛОИД задржува контрола над употребата на овие податоци
Вашите податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно за да се исполнат сите горенаведени цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани. АЛКАЛОИД АД Скопје чува одредени лични податоци во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на компанијата и само во траење кое е потребно за остварување на целта заради која се собрани.
Доколку сте дале согласност, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци сè додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта заради која се обработуваат личните податоци на субјектот, тие ќе бидат избришани и во случај кога субјектот не побарал повлекување на дадената согласност. Доколку направите основан приговор за обработка на личните податоци, заснован на легитимен интерес, ние нема да ги обработуваме вашите лични податоци во иднина. Доколку се поведат судски, административни или вонсудски постапки, личните податоци може да се чуваат до крајот на таквата постапка, вклучувајќи го и можниот период за поднесување правни лекови.
AЛКАЛОИД гарантира остварување на сите ваши законски права во врска со обработката на вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од АЛКАЛОИД:
право на пристап - право да поднесете барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани;
право на исправка - доколку откриете дека вашите лични податоци што ги обработува АЛКАЛОИД не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка;
право на бришење - право да побарате од АЛКАЛОИД да ги избрише вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на ограничување на обработката - право да побарате АЛКАЛОИД да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на преносливост на податоците - право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од АЛКАЛОИД;
право на приговор - право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон и
право на повлекување на согласноста - имате право да ја повлечете својата согласност за користење на вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете до следниот линк, пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската или преку поштенската адреса наведени подолу.
Во секое време, доколку имате дополнителни прашања, може да ни се обратите на адресата:
АЛКАЛОИД АД Скопје
бул. "Александар Македонски" бр. 12
1000 Скопје
за офицерот за заштита на лични податоци
или
на електронската адреса на офицерот за заштита на личните податоци: dpo@alkaloid.com.mk
Со цел да ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:
• име на веб-страницата на која се повикувате;
• ваша врска и интеракција со нас и
• опис на барањето/информациите што би сакале да го/ги добиете од нас.
Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци од страна на АЛКАЛОИД не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци.
ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност повремено може да се менува.
АЛКАЛОИД АД Скопје ќе постави ажурирана верзија на политиката за приватност на оваа страница.
Датум на последната измена 26.04.2021 Скопје
ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА (COOKIES)
За да разбереме како ja користат посетителите нашaтa веб-страницa и за да им овозможиме подобро искуство, може да собираме некои ваши податоци со специјалната алатка наречена колачиња (Cookies).
Што се колачиња?
Колачињата претставуваат мали датотеки со податоци, кои се поставени на вашиот компјутер или мобилен телефон кога посетувате одредена веб-страница. Колачињата се користат многу често од сопствениците на веб-страниците со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Овие текстуални датотеки може да бидат прочитани од веб-страниците што ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб-страницата.
Колачињата поставени од сопственикот на веб-страницата или од провајдерот на услуги (во овој случај АЛКАЛОИД АД Скопје) се нарекуваат "колачиња на првата страна". Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб-страницата, се нарекуваат "колачиња на трети страни".
Користиме колачиња на прва страна и колачиња на трета страна од неколку причини. Некои колачиња се потребни од технички причини, заради овозможување на функционалноста на веб-страницата и на услугите што ги нудиме, и нив ги сметаме за суштински или неопходни колачиња. Другите колачиња ни овозможуваат нам и на трети страни со кои соработуваме да ги следиме и да ги таргетираме интересите на посетителите на нашите веб-страници и нив ги нарекуваме колачиња за перформанси или функционалност. На пример, користиме колачиња за да собереме збирни статистички податоци или за да ја приспособиме содржината на информациите што ви ги испраќаме или презентираме и на тој начин го персонализираме вашето искуство додека сте во интеракција со нашите веб-страници. Исто така, трети страни пласираат колачиња преку нашите веб-страници за рекламни цели, аналитика и за други цели.
Видовите колачиња на првата страна и на трети страни, кои се поставени преку нашата веб-страница, и целите за кои се поставени се детално опишани во табелата подолу.
1. КОЛАЧИЊА ПОТРЕБНИ ЗАРАДИ ТЕХНИЧКИ ЦЕЛИ
КОЛАЧИЊА | ОПИС |
---|---|
ASP.Net session | Идентификатор на складирање на ASP податоци, поставени кога се користи ASP сесија ()метод |
UniqueID | Анонимна идентификација на времетраењето на посетата за статистичка анализа со цел оптимизирање на веб страната. Не се прибираат лични податоци |
WHGCOOKIECONSENT | Ја памети одлуката за користење опциски колачиња. Ја чува вашата одлука да прифатите или да одбиете користење опциски колачиња. Не се прибираат лични податоци. Рок на траење: 12 месеци |
2. KОЛАЧИЊА ЗА АНАЛИТИКА И ЗА ПРИСПОСОБУВАЊЕ
Овие колачиња прибираат збирни информации, со цел да ни помогнат да разбереме како се користат нашите веб-страници, колку се ефектни нашите маркетинг-кампањи или за да ни помогнат во креирањето на нашите веб-страници и апликации, со цел да го подобриме вашето користење на страницата.
Ние и нашите партнери може повремено да користиме други технологии, како што се web beacons, pixels (или clear gifs) и други слични технологии за следење. Ова се минијатурни, графички датотеки кои содржат единствен идентификатор, што ни овозможува да препознаеме кога некој ја посетил нашата веб-страница. Преку нив можеме да го следиме интернет-сообраќајот на корисниците од една до друга наша веб-страница, да комуницираме со колачињата, да разбереме дали сте дошле до нашата веб-страница од електронската реклама поставена на веб-страница на некоја трета страна, да ви пласираме целни реклами, да ја подобриме функционалноста на веб-страницата и да го измериме успехот на нашите маркетинг-кампањи. Повеќето од овие технологии за следење се потпираат на колачиња за перформанси или функционалност и со нивното оневозможување може да ја ограничите функционалноста на веб-страницата.
Информациите поврзани со колачињата (cookies) не се користат за ваше лично идентификување. Прифаќањето на овие колачиња (cookies) не е неопходно за работата на веб-страницата, но тие би ви овозможиле подобро искуство при пребарувањето. Доколку сакате, можете да ги избришете или да ги блокирате овие колачиња, но ако го сторите тоа, некои карактеристики на оваа веб-страница можеби нема да работат правилно.
Можете да ги избришете сите колачиња (cookies) кои веќе се наоѓаат на вашиот компјутер и можете да го приспособите поголемиот дел од пребарувачите за нивно спречување. Доколку го сторите ова, можеби ќе има потреба рачно да ги приспособувате преференциите секој пат кога ќе ја посетите веб-страницата, а, исто така, можно е да не работат и некои услуги и функционалности
Подолу се наоѓаат неколку начини како може да ги контролирате колачињата.
Website Cookie Preference Tool: (алатка за претпочитани колачиња на веб-страницата): колачињата што ги претпочитате можете да ги одберете ако го посетите TRUSTe preference center, со кликнување на следниот линк http://preferences-mgr.truste.com/
Browser Controls:(контрола на пребарувач): можете да ги поставите или да ги дополните контролите на својот веб-пребарувач да прифаќа или да одбива колачиња. Доколку одбиете колачиња (cookies), некои карактеристики и функционалности на оваа веб-страница можеби нема да работат правилно.
Disabling Most Interest Based Advertising: оневозможување на најголемиот дел од рекламирањето базирано на интересот на корисникот. Повеќето од рекламните мрежи ви овозможуваат начин да го откажете рекламирањето базирано на интерес. За повеќе информации посетете ја веб-страницата http://www.aboutads.info/choices/ или http://www.youronlinechoices.com
Mobile Advertising: (мобилно рекламирање): можете да ги откажете идентификаторите за мобилно рекламирање, кои се користат за некои видови рекламирање базирано на интерес, вклучително и оние што ги користиме ние, преку пристап до поставувањата (settings) на вашиот мобилен телефон (Apple или Android) и преку следење соодветни инструкции. Доколку ги откажете, ние ќе ги отстраниме сите податоци за вас и натаму нема да прибираме и да следиме ваши податоци. Ова значи дека, доколку во иднина решите да пристапите на нашите веб-страници, вие ќе бидете третиран како нов корисник во нашиот систем.
Do Not Track (не следи): некои интернет-пребарувачи, како што се Internet Explorer, Firefox и Safari, ја вклучуваат и можноста да се пренесат сигналите Do Not Track или DNT. Бидејќи не се усвоени единствени стандарди за DNT, нашите веб-страници во моментов не процесираат и не реагираат на DNT-сигнали. АЛКАЛОИД АД Скопје сериозно пристапува кон прашањата за приватност и кон правото на сопствен избор и ќе вложи напори да продолжи со следење на најновите случувања во врска со DNT на пребарување и на примена на единствен стандард. За повеќе информации во врска со DNT посетете ја веб-страницата All About Do Not Track.
ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА КОЛАЧИЊА
Политиката за колачиња повремено може да се менува, со цел да вклучиме можни промени во колачињата што ги користиме или од други оперативни, правни или регулаторни причини. Поради тоа, ве молиме, редовно прегледувајте ја оваа политика за колачиња, со цел да бидете информирани како ги користиме колачињата и другите технологии за следење.
Датум на последна измена: 31.07.2021 Скопје.
Oпционални колачиња
Google Analytics собира информации што ни овозможуваат да ги разбереме интеракциите со нашите веб-локации и на крајот да го усовршиме тоа искуство за подобро да ви служиме. За повеќе информации за Google Analytics, видете https://tools.google.com/dlpage/gaoptout
12 месеци