BeCute 24/7 - нов сет од 4 креми Becutan

Го креиравме сетот BeCute 24/7, составен од 4 креми од 50ml, за паралелно користење на повеќе типови Becutan креми во текот на денот поради нивната специфична намена на секоја од нив.

 

Кремите се поделени според намената во одреден период од денот:

• Заштита на бебешката кожа во текот на денот (Becutan детска витаминска маст за пеленска регија и Becutan детски бадемов крем за посувите и чувствителни делови од телото).
• Заштита на бебешката кожа во текот на ноќта (Becutan детски крем за нега на целото тело и Becutan заштитен крем со цинк оксид за пеленска регија).

 

 

 

 

 

 

Во внатрешноста на кутијата се содржани информации за намената на секоја од кремите Becutan, како и едукативна содржина за најмалите - Учиме кои се:

 

 

 

• Животни активни во текот на денот
• Животни активни во текот на ноќта

 

 

 


 

 

 

Заштитена кожа во текот на денот

 

 

 


 

 

 

Секоjдневната нега на бебешката кожа на деловите кои се во допир со пелената е исклучително важна задача за секоj родител уште од првиот ден по раѓањето на бебето. Клинички е потврдено дека детската витаминска маст Becutan превентивно деjствува против поjавата на иритации на бебешката кожа на деловите коишто се наjподложни на влага и на нечистотии од пелената. Таа е збогатена со маслен екстракт од невенов цвет, којшто ја смирува и ја обновува кожата, и со витамин Е, којшто jа одржува нормалната влажност на кожата. Се нанесува на сува и на чиста кожа при секое повивање. Благо се втрива сè додека целосно не се впие во кожата.

 

 

 

На останатите делови од телото, кои вообичаено се повеќе чувствителни и подложни на сушење, нанесете од детскиот бадемов крем Becutan, коjшто има особено блага и хипоалергена формулациjа. Состојките коишто влегуваат во неговиот состав jа подобруваат влажноста на кожата, jа смируваат и превентивно дејствуваат против поjавата на црвенило и на иритации. Една од состоjките во бадемовиот крем е и ланолинот, којшто создава физичка бариера во допир со влага и притоа го спречува исушувањето на кожата.

 

 

 


 

 

 

Заштитена кожа во текот на ноќта

 

 

 


 

 

 

По вечерното капење, за долготраjна заштита и за интензивна нега на детската кожа по целото тело, нанесете детски крем Becutan, чиj состав е целосно приспособен кон потребите на наjчувствителната кожа.

 

 

 

Негата на бебешката кожа во пеленската региjа во текот на ноќта е особено важнa. Повивањето се практикува поретко и кожата подолго време останува изложена на допирот со штетни фактори (влагата и нечистотиите од пелената), кои може да бидат причинители на поjава на црвенило и на воспалениjа. Заштитниот крем Becutan во своjот состав содржи цинк оксид којшто создава тенок водоотпорен слоj, подолго време jа одржува бебешката кожа сува и спречува поjава на иритации. Клинички е докажано дека овоj препарат jа смирува иритираната и воспалена кожа и дека може да се применува уште од првиот ден по раѓањето.