Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Becutan sensitive влажни марамчиња
Детската кожа е исклучително нежна и чувствителна и затоа бара посебна нега и внимание, осoбено оние делови кои се во контакт со пелената. Со цел да се избегне и превенира појавата на црвенило и иритација во пеленската регија, неопходно е кожата да се чисти и негува при секое повивање. Влажните марамчиња се одлично решение за тоа, посебно во услови кога водата и сапунот се недостапни.
Влажните марамчиња Becutan Sensitive содржат благ непарфимиран лосион збогатен со екстракт од алое вера. Лосионот претставува блага хидратантна емулзија којашто лесно се апсорбира во кожата, ја негува и ја заштитува од сушење, со избалансирана ph вредност. Екстрактот од алое вера со своето хидратантно и смирувачко дејство ја заштитува кожата од појава на црвенило и на иритации, а извонредно меката структура на самото марамче дополнително го подобрува ефектот, при што допирот со чувствителната бебешка кожа е исклучително нежен.
Благодарение на новата структура влажните марамчиња Becutan Sensitive имаат двојно поголема површина во споредба со стандардните, што овозможува уште полесно и поефикасно искористување на марамчето за одржување хигиена и нега на сите делови од детската кожа.
- дерматолошки тестирани;
- со избалансирана pH вредност блиска до pH вредноста на детската кожа;
- не содржат парабени;
- не содржат алкохол;
- не содржат парфем;
- со алое вера;
- се препорачува и за секојдневна употреба кај возрасни со чувствителна кожа
ДОСТАПНОСТ
Пакување со 45 марамчиња