Нова newborn – формулација со висок процент прочистена вода

Здравата, чиста и негувана бебешка кожа е предуслов за натамошна заштита од нечистотиите што доаѓаат во допир со кожата.

Според поновите препораки на педијатрите, формулациите на влажните марамчиња што се на база на прочистена вода се најдобра пракса во одржувањето секојдневна хигиена и нега на чувствителната бебешка кожа, особено во услови кога повивањето се практикува почесто, а притоа нема можност кожата да се измие со млака, проточна вода.

Новите влажни марамчиња Becutan Newborn Aqua Pure во својот состав содржат дури 99% прочистена вода и токму поради тоа имаат примарна улога во одржувањето секојдневна хигиена на кожата кај новороденчињата. Внимателно избраната формулација без парфем и без алкохол е препорачлива за употреба уште од првиот ден кај бебињата, а истовремено е соодветна и за лица со чувствителна кожа. Влажните марамчиња се дерматолошки тестирани, со неутрална pH-вредност, исклучително нежни и хипоалергени.

  • Во својот состав содржат 99% прочистена вода. 
  • Производ со хипоалергени својства.
  • Дерматолошки тестирани.
     

ДОСТАПНОСТ

Пакување со 56 марамчиња
Нова newborn – формулација со висок процент прочистена вода