Би сакале да користиме веб колачиња "Cookies", со цел да го подобриме Вашето корисничко искуство на нашиот веб сајт. Ова ни овозможува да го подобриме Вашето идно искуство на нашиот веб сајт. Детални информации за начинот на кој може да ги смените Вашите преференци за веб колачиња "Cookies“, може да најдете во нашиот документ за Политика за приватност / Политика на приватност
Becutan прашоци за подготовка на електролити
Електролитот BECUTAN со сладок анасон за доенчиња, деца и за возрасни претставува прашок за подготовка на перорален раствор за рехидратација и е наменет за надоместување на загубите на вода и на електролити при дијареја и при повраќање. Електролитот BECUTAN со сладок анасон е мешавина од минерални материи, гликоза и екстракт од плод од сладок анасон, кој дополнително помага при состојби на нарушување на варењето на храната. Воедно, екстрактот од сладок анасон е и одличен подобрувач на вкусот и го прави растворот вкусен и пријатен за пиење. Електролитот BECUTAN со сладок анасон е без додаток на ароми и се препорачува за најмалите, доенчињата и за децата до 12-месечна возраст, но и за сите возрасти.
- За доенчиња, деца и возрасни;
- за надоместување на загубите на вода и електролити при дијареја и повраќање.
- без додаток на ароми.
Електролитот BECUTAN со маточина и со лимон за деца над 12-месечна возраст и за возрасни претставува прашок за подготовка на перорален раствор за рехидратација и е наменет за надоместување на загубите на вода и на електролити при дијареја и при повраќање. Електролитот BECUTAN со маточина и со лимон е мешавина од минерални материи, гликоза, екстракт од маточина и од природна арома на лимон. Екстрактот од маточина дополнително помага при состојби на нарушување на варењето на храната. Воедно, екстрактот од маточина и аромата од лимон му даваат пријатен вкус на растворот и го прават пријатен за пиење.
- За деца над 12 месечна возраст и за возрасни;
- за надоместување на загубите на вода и електролити при дијареја и повраќање.
Се препорачува електролитот BECUTAN со сладок анасон и електролитот BECUTAN со маточина и со лимон да се користат под медицински надзор. Приготвувањето е едноставно – една кесичка прашок Becutan (6,15 g) се раствора во 300 ml свежо зовриена и оладена вода.
Препорачаните дози се декларирани на самата амбалажа на производите.
Електролитните раствори се пијат полека, со земање мали голтки на одредено време, со цел целосно да се апсорбираат. Се препорачува приготвените раствори да се чуваат во затворен сад, но не повеќе од 24 часа.
Се препорачува внимателно користење на растворите кај лица со висок крвен притисок поради содржината на натриум.
ДОСТАПНОСТ
6,15 г