Becutan инстант чај од сладок анасон

Приготвени од внимателно селектирани билки со потврден квалитет, Becutan инстант чаевите се достапни како мешавина од екстракт и етерично масло од плодот на анасон и лесно сварливи шеќери, сосема безбедна за конзумирање веднаш по првата недела од раѓањето. Се препорачува при нарушено варење на храната кај доенчиња и деца. Чајот го подобрува варењето, спречува создавање цревни гасови, го поттикнува нивното отстранување и ги смирува грчевите кои настануваат поради надуеност на цревата.

Производот не содржи:

  • вештачки бои;
  • aроми;
  • конзерванси;
  • млечни протеини и
  • глутен.

ДОСТАПНОСТ

Достапен е во пакување од 200 g, во дознa со практичен начин на отворање, како и во пакување од 20 кесички со прилагодена доза од 5 g за уште поедноставна употреба.
Becutan инстант чај од сладок анасон